Македонија
6. November 2017 - 10:16

Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2017/2018 година.

Стипендиите, како што соопшти кабинетот на Иванов, традиционално се доделуваат за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ во Солун.

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот Шефилд.