Доделување сертификати за завршена обука за занаетчии
Црвениот крст на Република Македонија и Занаетчиската комора на Град Скопје денеска ќе ги доделат сертификатите на 35 лица кои ги завршија обуките за занаетчии во рамки на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“.
Целта на проектот, што се имплементира 18 месеци, е да придонесе во зголемување на учеството на лицата кои се социјално изолирани на пазарот на трудот и да влијае на намалување на невработеноста во Македонија.
На настанот предвидено е да се обратат секретарот на Црвниот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска и претседателот на Занаетчиската комора Никола Петров.
Проектот е финансиран од Европска Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013, ИПА компонента четири.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море