Доделување награди за најдобри општествено одговорни практики
Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) денеска ќе се додели Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.
Целта на наградата е да промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата.
Годинава беа пријавени 38 проекти.
Наградите во вид на статуетки и плакети ќе ги додели министерот за економија Дритон Кучи, кој ќе го отвори настанот, а свое обраќање ќе има и Александар Николов, претседател на КТООП и Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор