-->
-->
Доделување на книжевната награда Балканика
-->
Скопје денеска е домаќин на еден од најзначајните книжевни настани во регионот - жирирање и свечено доделување на меѓународната книжевна награда Балканика за најдобра книга за 2015 и 2016 година.
Како што соопшти издавачката куќа „Магор“, изборот ќе го направи меѓународното жири составено од седум реномирани книжевни критичари од секоја држава, со кое претседава професорот Ендрју Вахтел од САД. Жири комисијата, треба да одбере по една најдобра книга за 2015 и 2016 година, од исклучително квалитетните номинирани книги годинава.
На свеченоста се очекува да присуствуваат номинираните автори, книжевни критичари и издавачи од сите седум земји-членки на Фондацијата Балканика.
Фондацијата Балканика е основана 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од седум држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика се наоѓа во Софија, Република Бугарија, а претседател е Николај Стојанов.
Во Балканика членуваат по една реномирана издавачка куќа од секоја од седумте држави-членки на Фондацијата. Одржувањето на книжевната манифестација ротира кај секоја од државите членки.
Наградата Балканика на добитникот му носи голем публицитет и вон балканските држави. Неретко е значајна за пробивањето на авторот во меѓународни рамки, а со самото тоа и афирмацијата на книжевноста на државата од која доаѓа.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во кино Фросина, МКЦ, со почеток од 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор