Македонија
8. March 2016 - 13:37

Доделени сертификати за компјутерски вештини во Берово

Градоначалникот на општина Берово Драги Наџински денеска додели 28 сертификати за компјутерски вештинина лица кои ги завршија успешно тестирањата во тестинг- центарот.

Во Берово во изминатите неколку месеци се одржувааа обуки за МОС ВОРД како дел од програмата за работа на првиот сертифициран компјутерски тестинг- центар кој општина Берово го отвори во Бизнис -инкубаторот во соработка со СЕРТИПОРТ.

Од општина Берово информираат дека во досегашниот период со обуката биле опфатени околу 40 кандидати, распоредени во четити групи. Оттаму најавуваат дека и во периодот кој следува ќе продолжат тестирањата. Дел од овие обуки се реализираат преку активните мерки на Владата на РМ и законските измени за државните службеници за кои е потребно познавање на компјутерските вештини.

Од Општината, исто така, најавуваат дека  наскоро ќе започнат и бесплатните обуки за невработени лица кои се пријавени на огласите од Агенцијата за вработување на РМ преку мерката „Сертификација на активно познавање на компјутерските програми“.

Целта на тестинг- центарот во Берово е вработените во јавните институции, како и невработените лица, полесно да се стекнат со овие сертификати без дополнителни трошоци.

Тестинг центарот е отворен во Бизнис инкубаторот во Берово во просторија и опрема во сопственост на општина Берово.