Loading Video...
Кошарка
25. December 2018 - 8:21

Доделени признанијата за најдобрите во мак-баскетот за 2018 г.

Македонската кошаркарска федерација ги додели признанијата на најдобрите во кошарката за годината што изминува. 
 
Признанието за најдобра македонска кошаркарка замина во рацете на капитенот на репрезентација Анџелика Митрашиновиќ, нејзиниот колега кај мажите Војдан Стојановски заедно со  Бојан Трајковски го понесоа признанието за најдобри македонски кошаркари во 2018 година. 
За најдобра млада кошаркарка е прогласена Илина Селцова која настапуваше во националниот дрес на репрезентациите до 16 и до 18 години како и за сениорската репрезентација, додека за најдобар млад кошаркар е прогласен Виктор Ефремовски кој со екипатра на Работнички ја освои титулата во сениорска и во конкуренцијата до 20 години. Екипата од Градски парк, ги доби признанијата и за најдобар тим во сениорска и младинска конкуренција, додека кај дамите тие признанија им припаднаа на Бадел 1862 (сениорки),  Струга 2009 (младинки).
 
Предводникот на Работнички, Марин Докузовски очекувано го доби признанието за најдобар тренер во сениорска конкуренција, додека за најдобар во младинска конкуренција беше прогласен Александар Јованчев кој беше и селектор на  националниот тим до 16 години селекција која го освои 3.место во  Б дивизијата на ЕП во Сараево, а со ја однесе Македонија во елитната конкуренција. 
 
„Би сакал да им честитам на сите што се закитија со наградите од МКФ. Истовремено да посочам и на оние што не се најдоа да веруваат во себе, за наредната година да се најдат тука. Тоа го покажа нашиот млад тим М16, кој беше аутсајдер. Никој не веруваше во нив, но како што видовте, тие се вратија како јунаци и влегоа во А-дивизија, која донесе гордост за нас. Верувам дека во иднина многу ќе станат и сениори. Исто така, позитивни резултати имаше и А-селекцијата, по оној мал пад пред две години. Пак се враќаме на старите стази. Имаме поддршка од јавноста. Се надевам дека кошаркарите водени од Давитков ќе дојдат до ЕП и ќе бидат онаму каде сакаме сите да ги видиме. Се надевам дека во наредната година сите ќе имаме поуспешна работа и уште поуспешни резултати“  - потенцира Претседателот на МКФ, Петар Наумоски по доделувањето на сите признанија.