Loading Video...
Ракомет
13. November 2017 - 14:58

Доделени признанијата „13 Ноември“ за придонес во спортот

Актуелниот македонски и европски ракометен шампион Вардар доби три награди „13 Ноември"кои ги доделува Сојузот на спортови на град Скопје.
 
Капитенот Стојанче Стоилов ја е прогласен за најдобар спортист на град Скопје за 2017 година, додека Раул Гонзалес е избран за најдобар тренер, а очекувано машкиот тим за кој ја освои европската круна го доби признанието екипа на годината.
 
Спортски работници за Животно дело, признанија добија: професорот Јован Јовановски,  Насе Кондовски, Александар Анастасов и новинар Златко Калински.
 
Тоа се дел од признанијата кои се доделуваат повод денот на ослободувањето на Скопје 13 ноември. 
 
Во склад со критериумите за доделување на наградата по додели беа признанија и на:
 
Спортски лекар: Боро Илиев
 
Професори по Физичко воспитување – Јован Бизимовски
 
Тренер по кошарка: Џелал Красниќ
 
Спортски работници: Крсте Војнески и Назим Куртовиќ.