Македонија
30. August 2016 - 12:55

Доделени нови решенија за легализација во општина Ѓорче Пeтров

Шеесетина нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти денеска додели градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
 
Тој апелираше до сите граѓани од општината Ѓорче Петров чии предмети подолго време се готови, имаат решенија и се известени, да дојдат во општината и да го регулираат плаќањето (едно евро за м2) и потоа ќе добијат решенија за легализација со што ќе можат да го пријават својот имот во Агенција за катастар на недвижности.