Македонија
13. July 2015 - 13:32

Доделени нови 54 решенија за легализација во Гази Баба

Општина Гази Баба денеска додели 54 решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, со што вкупниот број доделени решенија изнесува 5.584 од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.

Од општината соопштија дека воведени се повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери.