Доделени наградите на 9. театарски фестивал „Лица без маски“ 2016
Претставата „Ромео и Јулио“ на независниот театар „Болоњиникоста“ од Рим е добитник на Гран при наградата за најдобра претстава на 9. интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ посветен на независната професионална продукција, која негува алтернативен и експериментален театар.
По изгледаните шест претстави жири комисијата во состав на режисерот Синиша Ефтимов и актерките Магдалена Ризова Черних и Ирена Илиевска, донесе одлука дека претставата „Ромео и Јулија“ понудила оригинален, инвентивен и алтернативен прочит на Шекспировото дело, кое во целост комуницира со гледачот и плени со одличната актерска игра и прецизната режија, се наведува во соопштението на ИТФ „Лица без маски“.
Наградата за најдобра режија е доделена на Софија Болоњини за истата претстава „Ромео и Јулио“, додека наградата за најдобро актерско остварување е доделено на Теодора Ристовски за улогата на „Актерката“ во претставата „Собуј ги чевлите“ во изведба на „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, Србија.
ИТФ „Лица без маски“ во изминатите четири денови под мотото „Остани стабилен“ понуди шест претстави кои прикажаа нови театарски промислувања создадени од независна продукција.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда