Доделени националните волонтерски награди за 2015 година
Младинскиот културен центар (МКЦ)-Битола како Национален волонтерски центар, денес ги додели наградите „Златен волонтерски сертификат“ за 2015 година. Во пресрет на 5 Декември, Меѓународниот ден на волонтерството, со највиското национално признание годинава се здобија, Здружението на граѓани „Легис“-Скопје, иницијативата „Ретвитни оброк“ и иницијативата „На точак“.
Здружението на граѓани „Легис”-Скопје е наградено за волонтерскиот ангажман за хуманитарна помош за бегалците и мигрантите кои транзитираат низ Македонија, како и за лобирање за промени во Законот за азил и овозможување на слободен транзит низ Македонија. Со тоа се овозможи легализирање на нивниот престој, со што од јуни 2015 Македонија има нов хуман закон. „Ретвитни Оброк” е наградена за иницијативата со која се реализира твитерџиска акција која ги обединува готвачите и гладните. Главната цел е наместо слики од оброци на инстаграм и твитер - да се споделуваат вистински оброци за оние кои имаат потреба од тоа.
Со одлука на Волонтерскиот центар на Македонија, наградена е и иницијативата „На точак” за активностите во кои илјадници луѓе возеа по улиците низ Македонија со цел подигнување на вело-културата.
- Овој Сертификат е наменет за целата иницијатива „Критична маса - На точак“, но со оглед на тоа дека во сите 6 градови има различни тимови одлучивме сите иницијативи „Битола на точак“, „Скопје на точак“, „Штип на точак“, „Гостивар на точак“, „Тетово на точак“ и „Прилеп на точак“ да добијат „Златен волонтерски сертификат“ за 2015 година, истакна Златко Талевски, од МКЦ-Битола.
Во рамките на промотивниот настан, пред добитниците на златен волонтерски сертификат и граѓанскиот сектор се одржа јавна дискусија на тема „Волонтирањето како прв чекор во вклучувањето на граѓаните во развој на заедницата“, а воведничари беа Марјан Забрчанец, граѓански активист, Андреј Багнато, волонтер од Мировниот корпус и Сашо Додовски од МКЦ-Битола.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација