Македонија
8. December 2015 - 16:58

Доделени државните “Св. Климент Охридски” за 2015 година

Доделени државните “Св. Климент Охридски” за 2015 година кои претставуваат највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на РМ.

Професор д-р Горан Ајдински и дефектологот и проф.д-р Ратомир Гроздановски се добитници на наградата за остварувања во областа на воспитанието и обрзаованието. Поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан ја доби наградата за врвни достигнувања  во културата и уметноста, а доцент д-р Аспазија Софијанова беше наградена за достигнувањата во областа на здравството.

Проф. д-р Ратомир Гроздановски посочи дека оваа награда е валоризирање на досега вложениот труд и дополнителен стимул и мотив за во иднина, а особено му е драго што наградата ја добива во предвечерието на 1100 годишнината од упокојувањето на Св “Климент Охридски”.   

По повод државниот празник, делегации на Собранието, Владата, градот Скопје и делегации на неколку амбасади утрото положија свежо цвеќе пред споменикот на “Св. Климент Охридски”.