Бизнис
8. February 2020 - 16:42

Доделени договорите за закуп на земјоделско земјиште во Св.Николе

Министерот за земјоделие, Трајан Димковски денеска на земјоделците и сточарите од Светиниколскиот регион им ги врачи првите договори за закуп на земјоделско земјиште до три и над три хектари. Вкупно 86 индивидуални земјоделци ќе користат 206 ха, а за над 3 ха ќе се склучат 63 договори за користѕење на 800 ха.

- Вкупно за овој регион на двата јавни огласи доделуваме 1006 хекатри, државно земјоделско земјиште на коешто ќе се произведуваат различни земјоделски култури, изјави Трајан Димковски, министер за земјоделие.

Дел од обработливите површини се од агрокомбинатот „Џумјлија“. Земјиштето ќе се користи за подигање на овошни и лозови насади, оранжерии, маслинарници, брзо растечки дрвја, рибници и пчелни семејства.

-Произведуваме житни култури и мал дел овоштарство. Има пари, ама треба да се работи- изјави Влатко Тошев, земјоделец од Каратманово.

Дополнителното земјоделско земјиште ќе значи и зголемено производство.

-Имам договори со странски фирми сега со зголемување на површината мислам дека ќе ги задоволиме и потребите на домашниот пазар и фирмите со кои имаме договори со странство, изјави Ацо Димитриевски, земјоделец од село Мустафино.

Од локалната самоправа сметаат дека преку оваа мерка ќе има нови 50 вработувања и исто толку сезонски работници.