Македонија
7. February 2017 - 16:44

Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија

95-мина студенти кои своето образование го продолжиле на додипломски студии по математика, хемија и физика ќе добијат стипендии. Министерството за образование прв пат годинава ги стипендира овие студиски програми. Месечниот износ на стипендијата изнесува 18 илјади денари, а се исплаќа девет месеци..

Да се добие стипендијата за додипломски студии по хемија, физика или математика, потребно е студентите во претходното образование да имаат минимален просек, седум.

Според критериумите во конкурсот, од предвидените 105 министереството распредели 95 стипендии. Најмногу – 38, добија студенти кои запишале математика, потоа следуваат програмите по хемија и физика.

За стипендирање на овие додипломци, Министерството за образование и наука предвиде буџет од 15,5 милиони денари.