Македонија
31. October 2018 - 15:14

Доделени 90 стипендии за студенти на ДУТ

Вкупно 90 најдобри студенти од сите години во додипломскиот циклус на студирање на Државниот универзитет во Тетово ќе добијат стипендии за академската 2018/2019 година. Оваа одлука на Сенатот на ДУТ донесена согласно Законот за високо образование и  статутот на ДУТ ја одобри и ја соопшти ректорот на оваа висообразовна установа Вулнет Амети.

- Со заеднички придонес, посветеност и сериозна работа на секој од нас успеавме да ги исполниме очекувањата во образованието и науката, па затоа доделувањето на стипендии за истакнатите студенти е доказ дека нашиот универзитет се идентифува како институција на натпревар на знаењето, конкуренцијата, но исто така и на големите можности. Им честитам на нашите студенти кои ги исполниле условите и образовните критериуми и со тоа ги заслужиле стипендиите врз основа на нивната работа, способност и заслуги, а во исто време им изразувам благодарност за честа и придонесот што го даваат за Универзитетот во Тетово, рече Амети на свеченоста што се одржа во амфитеатарот на Економскиот факултет.

Тој најави дека раководството на ДУТ и во иднина ќе продолжи да работи за унапредување на академскиот процес и зајакнување на универзитетските капацитети со цел да се одговори на предизвиците со кои се соочува современото општество.