Доделени 90 стипендии за студенти на ДУТ
Вкупно 90 најдобри студенти од сите години во додипломскиот циклус на студирање на Државниот универзитет во Тетово ќе добијат стипендии за академската 2018/2019 година. Оваа одлука на Сенатот на ДУТ донесена согласно Законот за високо образование и статутот на ДУТ ја одобри и ја соопшти ректорот на оваа висообразовна установа Вулнет Амети.
- Со заеднички придонес, посветеност и сериозна работа на секој од нас успеавме да ги исполниме очекувањата во образованието и науката, па затоа доделувањето на стипендии за истакнатите студенти е доказ дека нашиот универзитет се идентифува како институција на натпревар на знаењето, конкуренцијата, но исто така и на големите можности. Им честитам на нашите студенти кои ги исполниле условите и образовните критериуми и со тоа ги заслужиле стипендиите врз основа на нивната работа, способност и заслуги, а во исто време им изразувам благодарност за честа и придонесот што го даваат за Универзитетот во Тетово, рече Амети на свеченоста што се одржа во амфитеатарот на Економскиот факултет.
Тој најави дека раководството на ДУТ и во иднина ќе продолжи да работи за унапредување на академскиот процес и зајакнување на универзитетските капацитети со цел да се одговори на предизвиците со кои се соочува современото општество.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата