Македонија
26. November 2018 - 17:12

Доделени 37 сертификати за згрижувачки семејства

“На секое дете му треба семејство”. Под овој слоган во изминативе месеци се одржуваше кампањата, која имаше цел да ги поттикне граѓаните во својот дом, да згрижат деца останати без родителска грижа.

На завршниот настан во рамките на проектот беа доделени 37 сертификати за завршена обука за згрижувачи – PRIDE, кои треба да овозможат овие деца да растат во семејства, а не во институции.

ПРАЈД обуката се темели на меѓународни стандарди и овозможува оние кои ќе ја поминат да го пружат она што е најважно еден родител да го постигне со своето дете, а тоа е емоционалната поврзаност.

Меѓу оние кои решиле да му пружат љубов на дете кое останало без родителска грижа е и директорот на Центарот за социјална работа од Прилеп.

Кампањата “На секое дете му треба семејство“ резултираше со бројка од 295 заинтересирани, кои пројавија интерес за згрижување на деца останати без родителска грижа.