Спорт плус
13. November 2018 - 13:48

Доделени 13-то ноемвриските награди од областа на спортот

На свеченоста одржана во СЦ „Борис Трајковски“ Сојузот на спортови на град Скопје ги врачи наградите на најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници во градот. 
 
Наградата за најдобар спортист во Скопје му припадна на кик-боксерот Бобан Илиоски, кој освои бронзен медал на ЕП во Братислава, додека неговиот тренер и селектор, Дејан Митровски ја доби наградата за најдобар тренер.
 
Наградата „13 Ноември" во екипна конкуренција очекувано им припадна на ракометарите на Вардар, кои настапија на завршниот фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите, а покрај двојната круна во домашното првенство ја освои и титулата во СЕХА лигата. 
 
Награди за животно дело добија фудбалската легенда Кочо Димитровски, како и Борче Брсаковски и Венцислав Недев 
 
Посебно признание му беше доделено на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.