Доделени 10 нови решенија за работа во градинката „Тетекс“
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи при денешната посета на детската градинка „Тетекс“ додели 10 нови решенија за работа на вработени во оваа установа. Новите вработувања се извршени врз основа на законот за трансформација на работните места.
- Со решавањето на статусот на овие вработени очекуваме нивна уште поквалитена работа во згрижувањето на децата, изјави Арифи.
При денешната посета таа информираше и за инвестиции од околу 400 илјади денари што се реализирале во изминатиот период за подобрување на условите за сместување на децата во оваа градинка.
- Извршена е промена на сите прозорци кај градинката „Тетекс 2“ што ќе има големо влијание во подобрата изолација, а истовремено целосно е обновен покривот на старата градинка што беше долгогодишен проблем и што на мое големо задоволство сега е решен, рече Арифи.
Директорката на детска установа „Младост“ Рамије Даути посочи дека им се потребни уште многу работи, но со овие зафати се покажува дека чекор по чекор се работи на подобрување на условите во сите градинки под нивна надлежност.
Во објектите од детската установа „Младост“ во моментот на дневна основа се згрижуваат 704 деца од предучилишна возраст, а за нив се грижат 104 вработени.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето