Додека воделе љубов на отворено ги удрил гром, но вистинскиот скандал следувал во болницата
Бојан З. (33) и Мирјана М. (36) од Белград се повредени кога во нив удрил гром додека воделе љубов под жална врба на белградска Ада Циганлија, пренесува „Србија данас“.
До несреќата дошло кога вчера Белград го зафати големо невреме. Екипа на Итната медицинска помош ги однела во болница целосно голи и со опекотини. По укажаната помош, Бојан бил пуштен дома, додека Мирјана била задржана на лекување. Дежурниот лекар потврдил дека таа е сместена на интензивна нега, но не е во животна опаснст.
Но, овде приказната не завршува. Непосредно по приемот на повредените љубовници, во болнцата се случил скандал.
Во болницата дошол млад господин и се распрашувал за здравствената состојба на повредената Мирјана. Од персоналот на болницата му кажале на кое одделение е, но и го замолиле да ја преземе нејзината гардероба. Но, меѓу женската облека нашол и машка. Кога му рекле дека тие работи му припаѓаат на мажот на Мирјана, тој извикал: „Па, јас сум нејзиниот маж“. Тогаш разбрал дека неговата сопруга за време на несреќата водела љубов со колега од работа.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО