Бизарно но вистинито
5. January 2016 - 11:58

Додека варела кафе, кучето и го растргнал дечкото во другата соба!

Питбулот на Џесика Хил го искасал нејзиниот 22-годишен дечко Лиам Хевистон кој искрварил до смрт. Нејзиното момче боледувало од епилепсија, а таа смета дека нејзиното куче го нападнало баш во моментот кога имал напад, додека таа била во друга просторија, најверојатно во кујна, каде варела кафе.

- Премногу сум потресена за да кажам што било, го сакам Лиам и многу ми недостасува - рекла Џесика.

Брзата помош и полицијата веднаш по повикот пристигнале на местото на несреќата, Хевистон набрзо потоа бил префрлен во болница каде неколку часа подоцна починал.

По овој инцидент кучето е однесено во ветеринарна станица.