Македонија
25. January 2018 - 10:36

Додека трчал низ шумата, здогледал морничава глетка - трагедија во Гази Баба

Безживотно тело на маж било пронајдено вчера во шумата на Гази Баба.

Околу 12:30 часот во Единицата за известување и команда-Скопје, случаен минувач пријавил дека додека трчал во парк шумата „Гази Баба“ - Скопје, во летниковец го видел телото на 38-годишниот С.З.од Скопје обесено на греда.

Од страна на доктор од итна медицинска помош е констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е дадено на судска медицина за обдукција.