Македонија
16. October 2019 - 16:55

Додека се чекаат административните процедури, децата учат од импровизирани учебници

Месец и половина од почетокот на учебната година, основците се без комплетиран учебен материјал. Веќе втор месец, тие учат од скрипти и од стари учебници.

Иако од Министерството за образование најавија дека до крајот на септември ќе бидат дистрибуирани сите учебници за основно и средно образование, рокот е пролонгиран поради постапката за јавна набавка за нивно печатење.

Во однос на текстот во учебник за петто одделение по македонски јазик кој го објаснува пубертетот, а кој предизвика бурни реакции во јавноста, Адеми со препорака до родителите сами да преземат иницијатива.

Министерот дополнува дека доколку во било кој учебник се утврди каква било грешка ќе се корегира или отстрани по утврдена законска постапка.