Македонија
1. October 2016 - 14:33

Додека работел во својата нива пронашол неексплодиран проектил

На 30.09.2016 година околу 15,40 часот во с.Матејче-кумановско, во својата нива на влезот во селото, М.О.(34) пронашол неексплодиран проектил од непознато оружје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, во содејство со пиротехничар од ДЗС, од чија страна било констатирано дека се работи за граната за рачен топ Кастиор, калибар 40мм. Гранатата е подигната од лице место од страна на пиротехничар од ДЗС за понатамошна постапка.