Живот
2. December 2015 - 10:33

Додека лежел му ја срушиле куќата

 
 
Американски ветеран кој морал итно да се оперира се шокирал откако си дошол дома. Верувале или не, додека тој се опоравувал од операцијата, властите ја срушиле неговата куќа бидејќи заклучиле дека не е погодна за живеење.
 
Филип Вилијамс шест месеци се опоравувал од тешка операција која му била направена на Флорида, а кога конечно кошмарот завршил и се радувал дека ќе се врати во својот топол дом, следувал шок бидејќи како што вели никој не го контактирал и не му јавил дека ќе остане без дом. Кога се вратил нашол само рушевини.
 
- Лут сум. Имам 69 години, а сега немам каде да живеам. Градот ми зема се, а редовно плаќам сметки и даноци. Што ме снајде, вели тој