Loading Video...
Свет
1. October 2019 - 19:10

Додека Кина го слави националниот празник, во Хонг Конг насилни антивладини протести

Во Пекинг со  спектакуларна  воена парада се одбележа  70-годишнината од основањето на Народна Република Кина.  Поводот кинеската армија го искористи  да  се пофали со своето  оружје ,меѓу кое и нови хиперсонични беспилотни летала и интерконтинентални балистички ракети. Шефот на државата изјави дека никој не може „да го запре напредокот на кинеската нација“.

-Нема сила што може да го разниша статусот на оваа голема нација. Ниту една сила не може да ги спречи кинескиот народ и кинеската нација да напредуваат, порача Си Џинпинг,претседател на Кина.

Странски државници не беа поканети на парадата која се одржа на плоштадот Тјенанмен. И додека во Пекинг се празнува во Хонг Конг  може да се видат поинакви слики.   Насилните антивладини  протести  продолжија  и денеска .Најмалку 15 демонстранти се повредени во судирите со полицијата.