Живот
7. February 2017 - 15:15

Додадете една лажичка шеќер во шампонот-Еве зошто

Исто како кожата на лицето и телото така и кожата на скалпот има потреба од нега и ексфолијација. Постои начин тоа да го направите без да си го испразните паричникот за скапи козметички производи.

Дерматологот Франческа Фуско, вели дека тајната се крие во шеќерот.

Додајте лажичка шеќер во шампонот на дланката, непосредно пред да го нанесете на косата. Кристалите шеќер ќе делуваат како пилинг и ќе помогнат во отстранување на мртвите клетки на скалпот.

1seker

Додавањето на лажичка шеќер во шампонот нежно ќе го ексфолира скалпот, а шеќерот лесно ќе се раствори и исплакне, без да остане нешто на косата“  вели докторката Франческа.

Оваа метода не треба да се користи пречесто. Се препорачува да се практикува на секои 3-5 миења на косата.