Балкан
5. December 2015 - 11:45

Доцна синоќа во Белград заврши состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ

Во Белград доцна синоќа заврши 22. Совет на министри на ОБСЕ, на кој главни теми беа борбата против тероризмот, украинската и миграциската криза, климатските промени и руско-турскиот спор по соборувањето на рускиот авион, соопшти Танјуг.

Претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во завршниот говор потенцираше дека на средбата биле вложени напори да се постигне консензус за многу прашања, но за некои од нив тоа не било можно.

Со оваа средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ во Белград заврши едногодишното претседателство на Србија на оваа организација, што според оценката на учесниците, беше многу успешно.