Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби опрема како донација од Италија
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби нова опрема како донација од владини претставници и противпожарни друштва од провинцијата Пиемонте во Италија.
Со тоа педесетината кочански пожарникари волонтери почнуваат поширока акција за обезбедување опрема за лична заштита, во која покрај домашни, ќе бидат вклучени и донатори од странство.
-По иницијатива на нашиот сограѓанин, иселеник во Италија, Даниел Костадиновски, а со помош на Марко Габуси, кој е владин службеник, и професионалните и пожарникарите доброволци Даниел Кора, Рафаел Кордаро и Мирко Цириоти беше обезбедена и веќе ни е испорачана опрема за интервенции при гасење пожари и за дејствување при поплави. Опремата се состои од заштитни шлемови, агрегати, пумпи за вода со придружни црева, униформи со опрема за лична заштита на пожарникарите, метални метли за гасење оган и друго, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
Со донираната опрема дополнително се зголемува капацитетот на единицата и се подобрува заштитата на пожарникарите – волонтери при интервенции на терен.
Од ДПД – Кочани, кое годинава го прослави третиот роденден, упатија јавна благодарност за несебичната поддршка и помош во развојот на Друштвото.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс