Добра вест за пензионерите: Минимална пензија од 500 евра
Словенечкиот Парламент без ниту еден глас против ги усвои измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, според кои пензионерите со полни услови за старосна пензија ќе имаат загарантирана пензија од 500 евра, пренесува Хина.
Целта на законот е да се осигура дека минималната полна пензија во земјата ќе биде барем толку голема што сиромашните пензионери не ќе треба од државата да бараат заштитен додаток.
Според податоците на словенечката Влада, минималната пензија од 500 евра ќе ја примаат околу 45.200 пензионери.
Според податоците на пензиското осигурување, на почетокот на оваа година месечната пензија помала од 500 евра ја примале 98.200 пензионери, а сите тие во пензија заминале со полн работен стаж и потребните години живот.
Законот вчера едногласно беше прифатен и покрај тоа што владиниот предлог опозициските паритии првично го оценија како популистички потег наменет за привлекување избирачи, во последната година од мандатот на сегашната влада.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп