Фудбал
21. јуни 2021 - 18:53

Добра игра, лош резултат за македонските фудбалери на полувремето против Холандија

Македонската фудбалска репрезентација губи со 1:0 од Холандија на полувремето на дуелот во Амстердам од 3. коло во Ц-групата на ЕВРО 2020.

Резултатот е неповолен, иако Македонците играат добро на арената „Јохан Кројф“, имаа еден поништен гол, една статива и уште неколку полушанси.

Водечкиот гол за „лалињата“ го постигна Мемфис Депај во 24.минута по недосуден слободен удар за Горан Пандев пред противничкиот шеснаесетник.