Бизнис
30. August 2018 - 21:24

Добите идеи пропаѓаат затоа што нема кој да ги финансира- се отвора простор за влез на бизнис ангелите

Иновативните бизнис идеи во земјава тешко успеваат да стигнат до финансии како би се реализирале. Ова е еден од проблемите истакнат на денешниот Форум за афирмација на моделот “Бизнис ангели”, како начин на финансирање. Банкарскиот сектор вложува само доколку има гаранции за наплата, а Бизнис ангелите се идентификуваат како високоризични финансиери, кои освен пари, инвестираат и во експертиза.

Кај нас нема законска регулатива што ги поддржува бизнис ангелите. Праксата покажува дека интерес на ваков тип инвестирање има, но правната неизвесност ги одвраќа овие инвеститори од вложување.

Досега, во нашата земја се реализирани неколку инвестиции на бизнис ангели во стартап компании.

Во светот на годишно ниво се реализираат инвестиции вредни околу 50 милијарди долари преку формата на бизнис ангели.