Живот
30. January 2017 - 14:32

Добил забрана за возење бидејќи бил премногу висок

 
Момчето вели дека забраната ја добил бидејќи судијата тврди оти намерно возел таков автомобил.
 
Адам Елиот кој има 26 години и е од Њукасл, Англија,  е осуден за невнимателно и опасно возење.
 
Тој управувал автомобил Форд Ка  и бидејќи е превисок за таква кола тој морал да ја извади својата глава надвор преку сончевиот покрив.
 
Адам кој препродава автомобили бил обвинет од судијата дека намерно се фалел со својата висина, а со тоа ги ставал останатите учесници во сообраќајот во опасност бидејќи тој со својата појава им го одвлекувал вниманието.