Живот
17. September 2015 - 13:48

Добил лото, се развел па ја подигнал наградата

Лију Сијанг освоил на почетокот на годината 4,6 милиони јуани (639.000) на лото, но пред да оди да ги подигне парите побарал развод.

Сијанг ништо не и рекол на сопругата кога во февруари видел дека има добитна комбинација. Наместо тоа, одлучил да се разведе од неа, пренесува „Танјуг“.

Откако дознала дека нејзиниот поранешен сопруг е богат и откако сфатила дека е измамена, сопругата Јуан Ли го тужела, барајќи половина од освоените пари.

Односите помеѓу двајцата сопружници се расипале уште во 2013 година кога Лију нашол љубовница, наведува „Саут Чајна морнинг пост“. Се разделиле во јули 2014 година иако и понатаму биле во брак. Во февруари годинава, Лију ја освоил премијата на лото и веднаш побарал развод, „великодушно“ плаќајќи ги сите трошоци околу разводот.

Подоцна на суд, се правдел дека во прашање била „чиста коинциденција“, но сепак морал на поранешната сопруга да и плати 1,15 милиони јуани (околу 160.000 евра).

Имено, кинеската државна лотарија работи од 1987 година, со пораст на продажбата на тикети во последните неколку години.