Живот
17. November 2015 - 15:31

Добил лице на загинато момче, едвај ги преживеал изгорениците

Во Медицинскиот центар "Лангоун" при Универзитетот во Њујорк, извршена била досега "најобемната" трансплантација на лице. Пластичниот хирург Едуардо Родригез, на поранешен пожарникар му пресадил лице од момче, кое по несреќа со велосипед, доживеало мозочна смрт.
 
При операцијата, која била извршена во август и траела повеќе од 26 часа, 41-годишниот пожарникар Патрик Хардисон од Тенеси го добил лицето на 26-годишниот Девид Ридибо, механичар за велосипеди од Бруклин.
Хардисон бил тешко повреден на 5. септември во 2001. година, во акција за гасење на пожар во Сенатобиј во Мисисипи. На првата операција му било пресадено ткиво од бутот за да има какво-такво лице, но во следните години бил опериран уште 71 пат, и станал зависен од аналгетици, а семејниот живот му бил уништен.
 
"Децата врискаа и плачеа кога ќе ме видеа", се сеќава Хардисон на времето пред трансплантацијата. "Има работи кои се полоши од смртта".
 
Операциите за пресадување не се чести, но во минатите десеттина години сепак биле извршени неколку ширум светот.
 
Првото лице на кое му била направена делумна трансплантација на лице, била Изабел Диноар, 38-годишна Французинка, која била гризната од куче во 2005. година. Првата таква операција во САД била извршена во декември 2008. година, кога ѝ било пресадено лице на Кони Калб од Кливленд, која четири години претходно била застрелана од својот сопруг.
 
Во 2010. година во Шпанија бил опериран 31-годишнито Оскар, фармер кој самиот случајно си пукал во лице. Тоа било прва комплетна трансплантација на лице во светот.
 
Хирурзите од Бостон, на 25-годишниот Далас Винс му пресадиле нос, уста, кожа, мускули и нерви, откако допрел електричен вод.
 
Хардисон го запознал др. Родригез во 2012. година, а лицето на Дејвид Радибо било третото кое му било понудено. Во статијата во New Yokr Magazine, објавена во неделата, новинарот Стив Фишман детално ја опишал опасната и исцрпувачка процедура која ја извршил др. Родригез.
 
"Операцијата започна два дена откако Ридибо бил прогласен за мртов, на 14. август во 7.30 часот. Родригез започнал со Ридибо, внимателно одвоил кожа нешто подебела од еден сантиметар. Работел од тилот кон ушите, а потоа преку носот, кој го пресекол. Трикот бил во тоа ткивото да се пресече на тој начин што ќе се сочуваат нервите, мускулите и артериите".
 
При процедурата имало компликации, бидејќи се воспоставило дека вратната артерија на Хардисон е поголема од таа на Ридибо, па така Хардисон почнал да губи крв и бил животно загрозен. Др. Родригез морал да импровизира, внесувајќи уште една артерија во дупката која ја направил на другата.
 
Пациентот сега заздравува. Др. Родригез вели дека ќе мора да зема имуносупресанти до крајот на животот, бидејќи ќе има отфрлања на делови од кожата, само прашање е кога.