Живот
16. January 2016 - 17:25

Добил дете во 101. година: Најстариот човек на светот живеел во зафрлено село, никој не знаел за него

Социјалната служба во Бразил тврди дека во едно зафрлено село живее најстариот човек на светот, кој, верувале или не, е роден далечната 1884 година.

Жоа Коељо де Суза со 131 година е најстариот човек на светот. Според Гинисовата книга на рекорди Јапонецот Јастаро Коида е натаму е рекордер со 112 години.

Доколку се потврди дека документите на Суза се автентични, тој автоматски ќе ја преземе титулата на Коида.

Но тоа не е се, Суза е во брак со жена која има 62 години, што значи дека е 69 години постар од неа, и има ќерка на возраст од 30 години, што значи дека Суза станал татко во својата 101. година од животот.

-Има денови кога е луциден но и денови кога не ги препознава своите блиски, вели неговата ќерка и додава дека нејзиниот татко преживеал дури 6 мозочни удари.