Живот
18. April 2019 - 15:09

Доаѓа Велигден: Овие 10 работи ставете ги на трпезата

Постојат многу обичаи кои се поврзани со најголемиот Христијански празник Велигден.

На Велигден семејството оди во црква на света литургија, а после службата се поздравува со: Христос воскресе! Навистина воскресе. Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден.
Кога ќе се вратат од црква, семејството меѓу себе си честита Велигден и седнуваат на свечената трпеза на која мора да има:

1. Мед -симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

2. Јагнешко месо -го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.

3. Говедско месо -го симболизира човекот (мудрост, лав (храброст), волот (правдата) и тоа се четирите животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.

4. Вапсани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

5. Леб -на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.

6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.

9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.

10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство. Конзумирање на риба е дозволено во текот на постот.