-->
-->
Доаѓа судниот час: Земјата ќе биде погодена од мега катастрофа, еве кога се очекува големиот удар
-->
„Големата катастрофа, која што ќе ја предизвикаат ураганите Катерина и Мајкл, ќе се случи – можеби утре, можеби за неколку децении, напишал Бафет во годишното писмо до акционерите на компанијата „Беркшир Хадавеј“ од Омаха.
Според неговите зборови таа катастрофа може да биде ураган, земјотреси или може да биде сосема некое изненадување, како што е сајбер-напад кој би можел да има незамисливи последици. И додека другите во неговите зборови ја гледаат само катастрофата, 88-годишниот Бафет гледа и работна прилика.
-Кога таква мега катастрофа ќе удри, ќе имаме загуби и тие ќе бидат големи, многу големи. Сепак за разлика од многу други, ние веќе наредниот ден ќе настојуваме да ја прошириме работата, напишал тој.
Бафет е еден од најуспешните светски инвеститори кого поради неговите инвестициски предвидувања го нарекуваат „пророкот од Омаха“.
Судејќи според извештаите на геолозите, сеизмолозите и на другите други научници последните години, две работи се јасни: големи се доказите за улогата на константната промена на климата и второ, нашата способност која се подобрува за да го предвидиме ризикот од доаѓањето на природните катастрофи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април