Живот
1. October 2018 - 13:32

Доаѓа студ каков што светот не памети: Сателитот на НАСА измери шокантни податоци

Сонцето влегува во еден од своите минимуми во космичката ера. 
 
Сончевите пеги не се како сите претходни месеци од 2018 година, а ултравиолетовото зрачење брзо се намалува. Новото истражување покажува дека највисоките слоеви на Земјата најавуваат дека доаѓа голема студена состојба. 
 
"Над површината на Земјата, во близина на работ на универзумот, нашата атмосфера ја губи топлината". Ако се продолжи со тековните трендови, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно поладни,  во космичката ера (или: од почетокот на космичкото истражување), вели Мартин Млинчак од НАСА. 
 
Овие податоци беа откриени од инструментот "Сајбер", на сателитот НАСА "Тимед", кој ги следи емисиите на јаглерод диоксид (СО2) и азотниот оксид (NO), две супстанции кои играат клучна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 на 300 километри над површината на нашата планета.
 
Со мерење на инфрацрвеното зрачење на овие молекули, "Сајбер" може да ја одреди топлинската состојба на гасот на самиот врв на атмосферата на Земјата, односно во слој што научниците го нарекуваат термосфера, објавува "Новости".
 
"Термосферата е секогаш ладна  за време на минимумот на Сонцето, и ова е еден од најважните начини на кој 11-годишниот соларен циклус влијае врз нашата планета", објаснува Млинчак.