Џет-Сет
4. September 2017 - 13:48

Доаѓа принова во кралското семејство: Кејт Мидлтон очекува трето дете

Кралската Кенгсингтон Палата соопшти денеска дека војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин (Кејт) Мидлтон, очекуваат трето дете.

Во соопштението се вели дека кралицата Елизабета и семејствата на таткото и мајката, се задоволни од идната принова во кралското семејство.

Вилијам и Кејт имаат две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Медиумите во Лондон потсетуваат дека со двете свои претходни бремености Кејт имаше проблеми, со мачнина и повраќање, па затоа таа уште од денеска ќе се повлече од планираните активности да работи во еден лондонски детски центар.

Принцот Вилијам е вториот во редот на претендентите на британскиот престол по неговиот татко, престолонаследникот Чарлс.

Зад него се неговите две деца, синот и ќерката, а по раѓањето на третото дете тоа ќе биде петтиот во редот на претендентите, сите пред помладиот брат на Вилијам, принцот Хари.