Македонија
16. November 2015 - 23:21

Доаѓа невреме, крај на убавото ноемвриско време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер. По одделни котлини наутро ќе има услови за слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе искачи до 18 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде релативно топло и стабилно. По одделни котлини и речни делови ќе има слаба магла.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен до повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.