Свет
12. October 2018 - 13:25

Доаѓа мега земјотрес: По серијата потреси, нова катастрофа се очекува денеска

Експертите предупредуваат дека планетата денеска ќе ја погоди разорен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтерова скала.

Франк Хогербитс, истражувачот на потресот на својот сајт тоа го образложил со поклопувањето на планетите кое ќе се случи межу 12 и 15 октомври и кое може да предизвика земјотрес од 12 до 17 октомври, но и 12-ти е најизгледен за катастрофата.

Папуа Нова Гвинеја и Бали утрово се погодени од страшен земјотрес по кој се очекуваше и цунами.

Потресот со јачина од 7 степени по Рихтерова скала прво ја погоди Папуа Нова Гвинеја, па следуваа два помали потреси од 5,7 и 5,5 степени по Рихтер.

Само еден час подоцна следуваше уште еден со јачина од 6,3 степени.

Нешто послаб потрес удри и на Бали, но изостана очекуваното цунами.

Во потресот кој во саботата го погоди Хаити, загинаа 10 лица, а минатиот месец потрес од 7,5 степни предизвика цунами и го опустоши островот Сулавези убивајќи 2.000 лица.