Доаѓа ли крајот на спортските обложувалници во Македонија?
Со измени на Законот се предвидуваат нови давачки за спортските обложувалници кој за еснафот се порака дека Владата сака да му стави крај на обложувачкиот бизнис во Македонија.
Државата планира со новиот закон да го задолжи обложувалниците покрај актуелните давачки да плаќаат дополнителни 1600 евра за секое уплатно место, што според Асоцијацијата на спортски oбложувалници е огромна давачка која ќе ги зголеми месечните давачки за 35 до 40%.
Паралелно со воведувањето на новата давачка, во предлог-законот се предвидува двојно до тројно зголемување на давачките за лиценци со воведување на принцип на дополнителни лиценци за секои нови 50 уплатно-исплатни места, зголемување на банковите гаранции од 300.000 евра на 500.000 евра, и тоа по поединечна лиценца, двојно зголемување на казнените одредби и жестоки нови надоместоци на име на проценка на ризик од Управата за финансиско разузнавање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација