Свет
29. March 2019 - 13:51

Доаѓа летачкиот калашников: Концернот направи дрон - камиказа подготвен за оперативна употреба

Видеото го прикажува лансирањето на дрон од своевидна прачка, кој изгледа како да може да се постави на било кој камион со рамно дно или рамна површина.

Дронот сам го снима својот лет како и неговото брзо спуштање и уништување на целта.

Системот на беспилотни летала поседува неколку предности, според дизајнерите, вклучувајќи скриено лансирање, висока прецизност, тивок погон и едноставен дизајн.

Крстарејќи со брзина од 80-130 км на час, дронот може да остане во воздух 30 минути и да носи товар од 30 килограми.

Во февруари претставници на Концернот Калашников рекоа дека камиказа - дронот ги заврши тестирањата и дека е подготвен за оперативна употреба.