Македонија
21. May 2017 - 13:30

Доаѓа големо невреме, многу дожд овие денови - најмногу во вторник

Денес и во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Денес поинтензивни процеси со пообилни врнежи ќе има во јужните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира.

Денес во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладнево има услови за краткотраен пороен дожд со грмежи. 

Утре врнежите ќе бидат локални и послаби, а повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме со силен ветер и услови за град, се очекува да има во вторник. Од среда ќе биде и посвежо, со максимална температура од 16 до 23 степени. Од четврток ќе дува и засилен северен ветер.