Македонија
22. September 2016 - 15:50

До утре јавувања на бројот 195 за проценка на безбедност на објект

Заклучно со утре ќе може да се пријави потреба од проценка на безбедност на објекти, како последица од земјотресите, на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, заклучил Главниот штаб за управување со кризи на завчерашната седница  

Како што соопшти денеска Центарот за управување со кризи,  по изтекот на рокот, граѓаните може да доставуваат пријави  до општинските комисии за проценка на штети.

По серијата земјотреси што во изминатите две недели беа почувствувани во скопското епицентрално подрачје тимови на Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС)  вршат проценка на безбедноста на објектите.