Македонија
9. January 2016 - 16:43

До темел изгоре куќа на 5-члено семејство од Шутка

Семејството Кадри од Шутка остана без покрив над главата, откако пожар им ја изгоре целата куќа. Огнената стихија започнала во купатилото, при вклучување на машината за перење алишта.

Синот на сопственикот на куќата, Самир Кадри најпрво забележал дека се намалува напонот на струјата, а кога ја отворил вратата од бањата видел дека пламенот веќе почнал да се шири.

Во тие моменти во куќата имало уште две лица, кои веднаш истрчале надвор да побарат помош.

Таткото Рамиз Кадри во тие моменти бил излезен од дома. Откако му јавиле за несреќата веднаш се вратил, но не успеал да помогне бидејќи пламените јазици веќе ја имале зафатено целата куќа.

И покрај тешко пристапниот терен и тесните улички противпожарните екипи пристигнале на време за да го локализираат пожарот, пред тој да се прошири во соседните куќи. Според првичните информации, причина за пожарот била неисправната електрична инсталација.