Македонија
1. May 2020 - 14:26

До темел изгоре кафуле во Мавровка

До темел изгоре кафуле во Мавровка. Само пеплосаниот инвентар остана од локалот “Фонтана” во кој со децении студентите се собираа на кафе. 

Пожарот бил пријавен во 10 минути пред 2 часот по полноќ. За многу кратко време огнената стихија го зафатила целиот објект. За среќа нема повредени.

Освен терасата за време на синоќешниот полициски час пламенот се проширил и во внатрешноста на објектот. И тука е направена значителна штета.

3 часа пожарникарите се бореле да го локализираат огнот. Од скопската противпожарна единица на локалот од над 400 метри квадратни интервенирале со 8 возила и 20 пожарникари. Спречиле поголема катастрофа да не биде зафатен трговскиот центар.

Увидот кој се вршеше денеска треба да ја утврди точната причина за пожарот, нефицијално бил предизвикан од човечки фактор.

Сопственикот на локалот видно вознемирен зад камерата изјави дека огнот му предизвикал штета од околу 500.000 евра.