Македонија
25. September 2018 - 11:58

До сабота ниски утрински температури и дневни во пораст, во недела дожд

- До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Во Маврово утре УХМР прогнозира најниска утринска температура (нула), до највисоки девет степени во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од  18 до 22 степена. Во Скопје температурата утре ќе биде од 3 до 18 степени. 

Во четврток и петок  најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок). 

Од недела, информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.