Македонија
14. July 2021 - 12:23

До петок сончево и многу топло време, за викендот дожд

До петок ќе се задржи сончево и многу топло време, а од викендот се најавува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурите од петок ќе бидат во постепено опаѓање.

До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со ма а локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен попладне вдолж Повардарието. Максималните температури ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност. Температурите ќе се движат до 39 степени.